Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП успешно реализираа јавен повик за дигитализација на општините – пилот, чија цел е полесен пристап и поквалитетни услуги на локално ниво преку развој на дигитални алатки и решенија.
Фондот за иновации и технолошки развој, преку инструментот Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста, одобри финансиска поддршка на проектот Luca Framework - алатка за висока продуктивност и брз развој на веб базирани деловни решенија, во износ од 5.589.864,00 денари.