Вовед


Medica 2002 е јадрото на здравствениот информационен систем.Some description

Претставува функционален збир од апликации со кои брзо и елегантно се автоматизираат амбулантско - поликлиничките, болничките, материјалните, финансиските, сметководствените и организационите активности на здравствените институции.

Содржински апликациите се состојат од:

  1. Амбулантско лекување
  2. Болничко лекување
  3. Специјални апликации
  4. Администрација
  5. Менаџерски систем
  6. Додатен софтвер

Покрај наведените апликации Medica 2002 го чинат и:

  • сметководствено
  • административниот модул (финансиско и материјално книговодство, магацинско работење, архива, правна служба)
  • човечки ресурси (кадровската евиденција, плати, систем за евиденција на работно време)
  • електронски ораганизатор (пораки и обврски).

Придобивки


  • формирање на трајна база на пациенти со можност за безбедно архивирање и брзо наоѓање на сите релевантни податоци, поврзани со нивното лекување во Заводот за неограничен период.
  • детална евиденција на здравствените активности: прегледи (во амбуланти, лаборатории, дијализа и на одделенија) и операции по типови, лекари, дијагнози, наоди и терапии поедноставување на администрирањето на здравствените услуги, особено во однос на неколкукратното впишување на исти податоци на повеќе документи, при рачното евидентирање
  • воспоставување автоматизам меѓу здравствените, материјално - финансиските и сметководствените активности со ефикасно претворање на здравствените услуги во финансиски ставки, автоматско пресметување на пансионските услуги, автоматско креирање на фактури од спецификациите и пресметките и автоматско преземање на материјално - финансиските документи во сметководството
  • креирање на извештаи и листи што ќе го помогнат менаџирањето со Заводот
  • компјутерско менаџирање на документите во Заводот • поврзување со надворешниот свет (подготовка на извештаи за ФЗО и ЗЗЗ, достап на Интернет)
  • креирање на функционален систем за прецизно, сигурно и дисциплинирано евидентирање на сите активности
  • намалување на трошоците со заштеди на работна сила, административни услуги, хартија, печатарски и графички услуги.

Општи карактеристики


Medica 2002 го сочинуваат програмски пакети составени од апликации, кои пак се поделени на меѓусебно функционално поврзани модули. Ги поседува следните особини:

  • функционалност и флексибилност
  • брз, интерактивен пристап до податоците
  • табеларен (spredasheet-like) и лесен за користење графички кориснички интерфејс
  • "работа на копче" и впечаток дека се користи интелигентна хартија
  • потполна автоматизација во работењето (пр. автоматско генерирање на број на матичен лист или автоматски пренос на ставки од еден во друг документ, на пр. од спецификација во фактура)
  • интелигентно пребарување и бирање од look-up табели (пр. пациентите во документите може да се бираат по шифра, име или друг атрибут и тоа внесувајќи само делови од нивните атрибути)
  • on-line пребарување, филтрирање и сортирање на податоците
  • користење на стандардните менија, toolbar-и и shortcut-и на Windows
  • лесна адаптибилност на меѓународните стандарди
  • сигурност на податоците со бекапирање и контролиран достап до системот
  • достап до податоците од оддалечени (remote) локации преку телефонски линии
  • повеќенивовска безбедносна контрола на достапот до податоци базирана на кориснички права, привилегии и приоритети
  • систем со потреба од периодична администрација и одржување и со можност основните административни задачи (додавање на нови корисници, back up и сл.) да бидат подржани од крајнокорисничките апликации и од авторизираните крајни корисници
  • вградени безбедносни правила за читање, промена, додавање или бришење на податоци за администраторите или овластените корисници
  • можност корисникот да ја прилагодува работната околина (менија, toolbar-и, извештаи)
  • достап до заеднички податоци од разни модули (пр. заедничка база на пациенти, заеднички шифрарници на материјали и услуги и сл.)
  • потполна интеграција на модулите во ефикасни апликации
  • можност да се собираат и обработуваат податоци од други комерцијални апликации
  • флексибилен и лесен за користење генератор на извештаи
  • мноштво извештаи во разни формати: табели и графикони (3-Д ленти, пита и сл.)
  • флексибилни извештаи и можност за нивно експортирање во Word, Excel, PowerPoint, FrontPage (HTML)
  • можност од користење на податоците во други комерцијални апликации • отворен систем што би дозволил преплетување на други оперативни системи, управувачи со бази на податоци и комуникационен софтвер, без преправки на веќе развиениот код
  • можност од трансфер на разни типови од тековни податоци (ASCII, DBF, plain text) кога се врши преод од постоечки стар софтвер
  • евтин систем со ниски трошоци за одржување
  • лесно надградлив систем со константно висок капацитет
  • квалитетен и евтин систем на одржување

Системска платформа и технологија


Софтверот е базиран на клиент-сервер парадигмата со еден сервер на базата на податоци (Database server) поврзан со другите персонални компјутери во локална мрежа (LAN) или далечински (remote) со станиците во дислоцираните објекти. Како стожерна развојна алатка е користен Microsoft Visual Basic, за креирање форми и извештаи (form & report generator) Microsoft Access, додека Microsoft C++ е употребен за софтверските зафати на системско ниво. За менаџирање со базата на податоци за клиенти со поголеми барања се користи Microsoft SQL Server, а за помалите Microsoft Access. Целосно се подржани и ласерските и матричните принтери. Другите минимални и препорачани системски перформанси се следни:

1.  Работни станици
- Хардвер
 • Intel Pentium, минимум 133 MHz; препорака: 266Mhz или побрз;
 • RAM минимум 32MB; препорака: 64MB или повеќе;
 • HDD: 1Gb или повеќе;
 • VGA: 800x600 резолуција;
- Оперативен систем
 • Microsoft Windows 98/2000 Profesional/XP.

2.  Сервер
- Хардвер
 • Intel Pentium, минимум 500Mhz, препорака; 1.6Ghz или повеќе;
 • RAM минимум 128 MB; препорака: 512 MB или повеќе;
 • HDD: 10 Gb или повеќе;
 • VGA: 800x600 резолуција;
- Оперативен систем
 • Microsoft Windows 2000 Server/XP.

Апликации


Medica 2002 го сочинуваат програмски пакети составени од апликации, кои пак се поделени на меѓусебно функционално поврзани модули.

Генерално апликациите се поделени на следниве групи:
• работа со пациенти (амбулантска и болничка)
• позадинско работење (пратење на историја на болеста, лабораториски анализи, операции, поврзување со компјутеризирани апарати)
• статистички анализи, графикони и извештаи, поврзани со тековните активности
• материјално работење и водење административно - техничка евиденција
• фактурирање
• финансиско работење и сметководство
• кадровска евиденција

Функционално со овие апликации компјутерски ќе се подржат:

• База на пациенти (со сите релевантни податоци)
• Амбулантски прегледи и извештаи
• Историја на болеста (анамнеза, општ и локален статус, тек на болеста, сите типови на прегледи, операција, лабораториски наоди, разни анализи, време на лекување и сл.)
• Дневна терапија (посебна и вкупна)
• Електронски дневник (за стари и нови пациенти, пратител и др.)
• Отпусни листи
• Статистички лист
• Материјални трошоци
• Материјални услуги
• Фактурирања
• Анализи - биланси (вкупни и подинечни по периоди и по оддели) за сите категории на податоци
• Повици - пораки
• Потсетник и закажувања

Содржински апликациите се состојат од:

1.   Амбулантско - поликлиничко лекување
• внесување и барање на пациентите  (основни податоци и податоци за осигуреникот и осигурувањето, најава за преглед, контрола)
• амбулантски прегледи (наоди и терапии)
• пресметки (осигурување, партиципација, материјали и услуги)

2.   Болничко лекување
• Историја на болеста (матичен лист, анамнеза, општ и локален статус, дијагноза, тек на болеста, сите типови на прегледи, операции и интензивна нега, лабораториски наоди, време на лекување, отпусна листа и сл.)
• Наоди и извештаи
• Спецификации на материјали и услуги: за одделение и за престој (пансионски)

3.   Специјални апликации
• Лабораториски анализи и наоди
• Трансфузија
• Рентген
• Физикална терапија
• Диспанзер за жени (рано откривање на карцином), Центар за  дијабет
• Болничка аптека и дистрибуција во одделенија

4.   Администрација
• Фактури (за стационар и амбуланта) по подрачни единици, типови на осигурување и партиципација
• Сметководство (материјално и финансиско)
• Кадровска евиденција
• Плати
• Архива
• Магацинско работење и административно - техничка евиденција

5.    Менаџерски систем
• Статистички анализи, графикони и извештаи за прегледи и операции по лекари
• Материјални извештаи
• Финансиски извештаи за работењето
• Извештаи за ФЗО и ЗЗЗ

6.   Додатен софтвер
• Закажување на прегледи и контрола
• Ресторанско работење (кујна)
• Соби - распоред и слободни места
• Повици и пораки (пораки и задолженија, to-do листа, телефонски именик и адресар)

За функционално и ефикасно користење на горенаведените модули изработен е дополнителен софтвер кој се состои од следниве елементи:

1.   Софтвер за поврзување на апликациите
додатни модули (функции и процедури) потребни за нормално функционирање на апликациите по најновите клиент - сервер стандарди. Со него работните станици стануваат мултифункционални (на една станица повеќе апликации), овозможувајќи на тој начин оптимална организација на работните места.

2.   Софтвер за сигурност на податоците
се состои од две компоненти: 1. електронско архивирање (back-up) на податоците и 2. контрола на овластувањата на корисниците. Првиот дел содржи модули за снимање на податоците на дополнителни медиуми (дискети, дискови, стримери), а вториот врз основа на принципите на приоритети и привилегии го контролира пристапот до податоците од страна на корисниците (кој што може да чита, менува, додава и брише).

3.   Софтвер за генерирање на репорти
Сите печатени документи дополнително се форматираат во облик посакуван од корисниците (лого на институцијата, формат на хартија, слободен текст на документите по желба, естетски модификации и сл.).

4.   Софтвер за трансфер на податоците
Изработка на модули со кои ќе се префрлат најнеопходните податоци од веќе користените електронски системи на евиденција, доколку тоа го дозволуваат другите техничко - организациони услови. Од друга страна податоците од апликациите може лесно и брзо да се префрлат во Microsoft Office апликациите за додатна анализа (Excel) или презентација (Power Point).

Екрански прикази


Екрански прикази