Ентер е првата компјутерска компанија во Македонија, која што уште во 1995 год. започна да развива професионални апликации за Windows - оперативните системи и практично имплементира информационен систем врз база на клиент - сервер технологијата. Програмскиот пакет Visual Accounting е прва македонска Windows - програма за комплетно водење на сметководство за сите претпријатија и институции.
Ентер е најголемиот македонски производител на деловен (ERP) софтвер. Софтверските пакети Luca / Visual Accounting се испорачани во преку 300 компании и институции во Македонија, Србија и Косово.
Производ/ Клиенти | Мали | Средни | Големи | Вкупно |
Luca/VA - Македонија | 194 | 64 | 31 | 289 |
Luca/VA - Србија | 5 | 4 | 3 | 12 |
Luca/VA - Косово | 1 | 1 | 2 | |
Luca/VA - Вкупно | 199 | 69 | 35 | 303 |
ДЕЛОВЕН СОФТВЕР
Прочитајте зошто деловниот софтвер Luca треба да биде Вашиот избор за ERP решение во Вашата компанија и зошто толку многу отскокнува во однос на другите решенија.
Прочитај повеќеМЕДИЦИНСКИ СОФТВЕР
Medica 2002 e софтвер за елегантна автоматизација на амбулантските, болничките и материјално -финансиските активности на здравствените институции.
Прочитај повеќеИнтернет Кафе Софтвер
Ентер е една од ретките компании која може со сопствени ресурси да одговори барањата на клиентите поврзани со комјутеризацијата на нивните организации.
Прочитај повеќеЕнтер е првата македонска компанија која го извезува својот софтвер преку Интернет уште од 1999 год. Cyber Monitor, апликацијата за евиденција и контрола на работењето во интернет кафеа, сајбер клубови, библиотеки, школи, хотели и др. места каде што компјтерот е во јавна употреба се продава и одржува преку сајтот на Ентер и досега е инсталирана на преку илјада места во над седумдесетина земји, најмногу во САД (30%). Комплетниот процес од набавката на некои софтверски алатки и дел од развојот, преку маркетингот, продажбата и наплатата, до подршката и одржувањето се одвиваат преку стандардните интернет сервиси. Апликацијата е повеќејазична, со вградени help, setup систем и заштита и е уникатен пример за можноста и способноста на македонските компании да бидат глобално конкурентни.
Екипата на Ентер го има изработено досега најкомплетниот болнички информационен систем базиран на персонални компјутери: информациониот систем во Болницата за ортопедија и трауматологија во Охрид (над 50-тина работни станици, со над 170 активни корисници и целосна компјутерска евиденција на сите здравствени и административни активности).
Во Ентер работат најдобрите софтверски инженери, специјалисти за бизнис решенија, интердисциплинарно надградени во својот развој и оспособени за најсложени имплементациски и развојни потфати. Вкупниот број на вработени е 28 лица, сите со висока стручна подготовка.